Скопјанка во два наврати учествувала во активности на Исламска држава

Исламската држава / Фото: Архива на Слободен печат

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Л.С.(38) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“, а во врска со кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

-Пријавената, во два наврата ја напуштила територијата на Република Северна Македонија и со умисла заминала за Сирија, каде земала учество во активностите на терористичката организација „Исламска држава“ (ИСИС)- информира МВР.

На 10.03.2020 на Меѓународен аеродром Скопје пријавената е депортирана со лет од Истанбул во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот