Скопјанка со нож повредила и лица и животни

Фото: МИА

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против С.Г.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница” и „мачење животни”.

На трети мај годинава пред домот на Б.У.(23), пријавената со нож го нападнала неговиот брат, по што во шталата на таткото на Б.У., исто така, со нож повредила домашни животни и оштетила два прозорци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот