Скопјанка вчера беше прегазена од автомобил управуван од 35 годишно лице од село Побожје, информираа од МВР.
-На 26.11.2020 во 09,20 часот во СВР Скопје, С.Б. пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ во круг на фирма во Скопје патничко моторно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ч.(35) од с.Побожје, удрило во пешак С.С.(63) од Скопје, која со возило на итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди, по што подоцна подлегнала на повредит- стои во билтенот на МВР.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.