Скопјанка ја задавила мајка си, па отишла во полиција

Министерството за внатрешни работи информира дека скопјанка на возраст од 46 година, утрово во полициската станица Карпош пријавила дека на улица Ристо Равановски во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка В.И. (74), информираат од МВР.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и во домот затекнале починато лице, а лекар од Итната медицинска помош констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот