Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

Вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат последните анализи на Секторот за санитарна контрола.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, анализите се направени од 14.09.2020 до 18.09.2020.  Земени се 192 примерока за физичко-хемиска и 192 примерока за микробиолошка анализа од 48 мерни места во Град Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП Водовод и канализација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот