Скопјани Новата година ќе ја дочекаат со македонски изведувачи

Скопје Нова година/ Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонски групи и пејачи ќе ги забавуваат скопјани на плоштадот „Македонија“ за најлудата ноќ. Според информации добиени од Град Скопје, програмата на плоштадот „Македонија“ ќе започне во 21 часот и ќе трае се до 01:30. Пред насобраните граѓани за најлудата ноќ предвидено е да настапат групите „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“, потоа, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и диџеј Славе.

-Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година. Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година. Програмата на 31.12.2021 година е, во периодот од 21:00 до 22:00 – Пука Козметика, од 22:10 до 23:10 – ДНК, од 23:20 до 00:20 – Нокаут, од 00:30 до 01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова и од 01:00 до 01:30 – ДЈ Славе – информираат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот