Скопјани ги фати страв од коронавирусот (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вечерва од 21 часот Скопје го доживеа третиот полициски час, кој ќе трае 81 час, до понеделник до 5 часот наутро. Оваа мерка ја воведе Владата поради зголемениот број на заразени од коронавирусот.

Граѓаните на Скопје, барем вечерва, сериозно ја почитуваат мерката. Полицијата покрај пунктовите со патролни возила по улиците на градот го надгледува спроведувањето на полицискиот час.

Иако полицискиот час започна во 21 часот, мал број на граѓани можеа да се забележат на улиците, а полицијата со легитимирање на пунктовите започна во 22 часот, давајќи им можност на граѓаните кои се затекнаа на улица да стигнат до домовите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот