Скопјани да бидат спокојни, набавен е гас за топланите за цел декември

Топлификација БЕГ парно греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Топланите Исток и Запад и во текот на декември ќе продолжат да работат на природен гас и испораката на топлинска енергија до домовите на граѓаните и фирмите ќе се одвива непречено. Од АД ЕСМ ги демантираат пишувањата во медиумите дека топланите имаат гас за греење уште за еден ден и дека потоа не се знае на кој начин ќе работат.

За месец декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол Пром-гас“ и топлинска енергија од Те-То. АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансики подобрите услови – велат од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот