Скопјани 40 години зборуваат за транспортно решение како БРТ-системот, вели Шилегов

Петре Шилегов во гостување на ТВ Телма / 26 октомври 2021 / фото: Телма/принтскрин

Системот за јавен транспорт на Скопје е систем кој секогаш имал потреба да биде дотиран од различни извори и Градот никогаш не бил сам способен да го финансира, па затоа ни беше важно БРТ системот за јавен транспорт да биде самоодржлив, рече актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат на СДСМ Петре Шилегов, во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Според него, со овој систем за транспорт, градот веќе нема да зависи од блок-дотациите на Владата, бидејќи пресметките на Градот покажале дека системот ќе биде самоодржлив.

– Возниот парк во БРТ-системот е полуелектричен и половина на хибриден гас, а во моментов се скапи оние автобуси кои се само електрични. Организиран систем за транспорт досега во Скопје немавме и важно ни е на граѓаните да им понудиме ефикасен систем, рече Шилегов.

Тој додаде дека „она за што 40 години се зборувало меѓу скопјани, оваа администрација го сработува“, како и оти потврдиле дека со воспоставувањето на БРТ-системот нема да се сече зеленилото на булеварите. Во самата кредитна линија се предвидени 280 илјади евра за дислокација и размножување на зеленилото, рече Шилегов.

– Најзелениот проект за урбан транспорт, според ЕБРД, е проектот на Град Скопје, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот