Скопјанецот од Љуботен кој физички ја нападна и телесно ја повреди неговата мајка останува во притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 24-годишен скопјанец за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, обвинетиот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна вербална расправија, тој започнал да ја удира оштетената со тупаници по главата и по телото, нанесувајќи ѝ телесни повреди.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог со кој побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетот, ценејќи дека постои опасност од бегство и специфични околности кои упатуваат дека тој би можел да го повтори делото.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот