Скопјанец затајувал данок три години

Фото: Profimedia

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Н. (48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено крвично дело „даночно затајување”.

Пријавениот во 2016, 2017 и 2018 година, во вкупно 59 наврати реализирал приливи на девизни парични средства од повеќе физички лица од странство, по пат на користење на услуги за брз трансфер на пари.

Пријавениот, со намера да го одбегне плаќањето на персоналниот данок, не ги пријавил како друг доход, со што го оштетил буџетот на Република Северна Македонија, а бил должен за овие износи да пресмета и плати персонален данок на доход.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот