Скопјанец утрово со секира ја нападнал сопругата, па бил пронајден мртов во нива!

Македонска полиција/ Фото: Миа

Скопјанец утрово околу 6 часот ја нападнал сопругата со секира додека спиела во нивиот дом во населбата Дрма, а по неколку часа бил најден мртов во нива, информира МВР.

Според пријавата во СВР Скопје, откако ја нападнал жената, напаѓачот со возило заминал од дома. Жената која била на возраст од 57 години била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Околу 10 часот било пријавено дека во нива во населбата Дрма, во патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, напаѓачот бил најден починат со повреда на вратот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот и засега нема информации дали се работи за убиство или самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот