Скопјанец со „ауди“ бркал две лица и се заканувал дека ќе ги убие

Во Полициската станица Чаир, синоќа попладне околу 17.25 часот, Х.В. и К.В.(47) пријавиле дека лице со патничко возило „ауди“ ги бркал со возилото и сакал да ги убие, информира МВР.

-Полициски службеници извршиле пребарување на теренот и го пронашле Г.И.(31) од Скопје и возилото „ауди“ што го управувал. Исто така, била пронајдена и една лопата со која било извршено оштетувањето на патничко возило „мицубиши“, а Г.И. бил приведен- стои во билтенот на МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот