Скопјанец пробал да ограби супермаркет, се заканил на продавачката дека ќе ја убие

Илустрација/Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 19.02.2020 година, влегол во супермаркет на ул. „11-ти Октомври“ и со употреба на огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“. Пиштолот го вперил во нејзе, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и започнале физичка пресметка. Оштетената му ја тргнала медицинската маска која осомничениот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност од бегство на осомничениот и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот