Скопјанец претепал малолетна потстанарка зашто скршила огледало, со парчиња ја сечел на вратот

Фото: Profimedia

Во еден момент зел парче од скршеното огледало и започнал да ја сече од задната страна на вратот

Скопското основно јавно обвинителство поведе постапка против 64-годишен скопјанец кој претепал малолетна постанарка поради скршено огледало.

Oсомничениот 64-годишник грубо навредувал, малтретирал и извршил физичко насилство врз девојче на возраст од 14 години. Малолетничката заедно со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот во населба Аеродром.

-На 23 јануари девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал најпрво да ја навредува, а потоа и да ја удира со тупаници и со стап по главата и телото. Во еден момент зел парче од скршеното огледало и започнал да ја сече од задната страна на вратот, се вели во дописот од ОЈО.

Девојчето се обидело да избега и да повика помош, но тој продолжил да ја тепа и во дворот на куќата. За време на настанот во куќата биле и сопругата на братот на малолетничката со нејзините две деца на возраст од три месеци и една и пол година, која не успеала да му помогне на девојчето.

Скопјанецот се товари дека сторил кривично дело насилство.

Имајќи го предвид видот и тежината на кривичното дело што му се става на товар, предвидената казна, како и фактот дека се работи за насилство врз 14-годишно дете, надлежниот јавен обвинител проценил дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот.

Обвинителството бара мерка притвор за осомничениот, кој и претходно бил осудуван и може да го повтори кривичното дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот