Скопјанец повреден во сообраќајка кај Гевгелија

Фото: Илустрација

Сообраќајката се случила на патот помеѓу селата Смоквица и Прдејци.

Вчера во 20.15 часот на регионален пат 1102, од село Смоквица кон гевгелиското село Прдејци, во близина на мостот на река Зујца, К.К. (51) од Скопје, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ изгубил контрола над возилото, по што тоа се превртело на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, а увид на местото на незгодата извршила екипа од полициска станица во Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот