Скопјанец повреден со нож при блиска средба со крадец во својот дом

Фото: МИА

Рано утрово во 02.05 часот млад скопјанец имал блиска средба со крадец во сопствениот дом, соопшти МВР.

Р.Ј. (20) пријавил во полиција дека на ул.„Јужноморавски бригади“, Р.Ј.(20), додека спиел во помошната просторија од куќата, непознат сторител влегол внатре и извршил претурање, а откако тој се разбудил и се обидел да го спречи сторителот,  бил нападнат со нож.

Крадецот му нанел повреди, и го напуштил местото на настанот, а повреденото момче е пренесено во Градската општата болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот