Скопјанец останал без кран и сиолс што ги купил од гостиварска фирма во стечај

мвр зграда
Принтскрин

Б.А. (45), сопственик на фирма од Скопје, вчера во полициската станица Гостивар пријавил дека му е одземена опрема која претходно ја купил од фирма во стечај.

Според СВР Тетово, како што рекол Б.А., овој месец засега непознати сторители му одзеле кран и силос. Во одземената опрема имало и вага за мерење мермерни блокови. Опремата се наоѓала на плац на улицата „Мара Угринова”.

Полицијата информира дека се работи на расчистување на случајот и на утврдување на причинитета штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот