Скопјанец осомничен за неовластено чување на муниција – Слободен печат
Хроника

Скопјанец осомничен за неовластено чување на муниција

Како што информира ОЈО, осомничениот во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и шест од албанско производство.

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен скопјанец осомничен за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, а надлежен јавен обвинител побара да му се определи мерка куќен притвор.

Како што информира ОЈО, осомничениот во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и шест од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

– Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, соопшти ОЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close