Скопјанец обвинет заради непочитување на задолжителната самоизолација

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на возраст од 33 години, на 12 март се вратил во земјава по престој во Франција како високоризична земја за ширење на коронавирусот COVID-19 и потишал изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена. Сепак, тој не постапил според прописите и наредбите на Владата со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест, па на 21 март, при извршена проверка од страна на овластени полициски службеници, не бил затекнат во неговиот дом.

Прочитајте и...  Скопјани приведени за поседување марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје на Судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби со висина на дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Прочитај повеќе

Скопјани приведени за поседување марихуана

Слободен печат

Тројца кумановци и двајца кратовци не ја почитувале забраната за движење

Жена го прекршила полицискиот час во Тетово

Двајца од Велес и Неготино и тројца од Кавадарци не го почитувале полицискиот час

2.000 евра казни за момче и девојка од Битола

Горан Наумовски

Во сообраќајка повредена битолчанка

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Двајца повредени во сообраќајка на патот Радовиш – Струмица

Обвинение за разбојникот од скопско Лисиче

Татко и син од струмичкото село Мокриево убиени во Швајцарија

Слободен печат

Глоба од 2000 евра за Скопјанец за непочитуване на мерката самоизолација

Слободен печат

Пресуди за четворица кумановци за непочитување на здравствените препораки

Слободен печат

Пријавени 17 случаи на огнови на отворено во Скопје минатата недела