Скопјанец обвинет за тешки кражби

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Искористувајќи исти или слични околности, тој во текот на месец септември сторил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело.

На 26 септември, на улица „Алжирска“, од една оштетена одзел женска чанта во која имало паричник со пари и други предмети во вкупна вредност од 36.200 денари. Обвинетиот влегол во домот на оштетената низ влезната врата, ја турнал, ја одзел чантата и избегал.

Истиот ден, на пешачка патека на улицата „Теодосиј Гологанов“, обвинетиот на дрзок начин одзел две ланчиња од една оштетена – златно ланче со приврзок монета во вредност од 6.500 денари и едно ланче бижутерија вредно 2.000 денари. На разминување по патеката, тој со раката насилно и ги грабнал ланчињата кои што оштетената ги носела околу вратот и избегал.

На 30 септември, на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“, обвинетиот на дрзок начин одзел златно ланче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото.

Јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот