Скопјанец обвинет за незаконска продажба на дрога

ФОТО: МВР на Република Србија

Тој е обвинет од ОЈО за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Кривичниот суд поднесе обвинителен акт против едно лице кое е обвинето за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„На 2 март, на автобуска станица во населбата Хиподром, обвинетиот 26-годишник во рацете носел две најлонски ќеси со марихуана и една дигитална вага, која веднаш му била одеземена од полициски службеници. Подоцна во неговиот автомобил, паркиран во неговиот двор, биле пронајдени три најлонски ќеси и една сина кутија со марихуана, како и еден шприц со хашиш масло.

При претрес на домот на обвинетиот во селото Булачани, пак, било утврдено дека тој неовластено произведувал марихуана, за што набавил опрема и инсталирал лабораторија за одгледување. Притоа биле пронајдени и 69 саксии со засаден канабис, како и метална кутија со шест полиетиленски паковки марихуана“, објави ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот