Скопјанец обвинет за кражба од службено возило на АД МЕПСО

Основно јано обвинителство/ фото: Слободен печат / Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 24.11.2019 година, го скршил предното стакло од возачката врата на автомобил „Мицубиши“, сопственост на АД МЕПСО, паркирано пред станбена зграда на булеварот „Јуриј Гагарин“ во Скопје. Од автомобилот обвинетиот одзел лаптоп компјутер и други предмети во вкупна вредност од 62.200 денари.

Поради опасност од бегство, а особено имајќи го предвид фактот дека обвинетиот претходно повеќепати е осудуван за голем број кривични дела од имотен карактер, надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи определената мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот