Скопјанец нападнал познаник со нож поради нерасчистени љубовни проблеми

Фото: МИА

Млад скопјанец со нож нападнал друг скопјанец на клупа во парк во населбата Тафталиџе, а на инцидентот присуствувала и девојката, соопшти полицијата.

– На 27.4.2021 околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Васил Чакаларов, С.С. (30) и М.И. (26), двајцата од Скопје, додека седеле на клупа со Т.Ј.(23) од Скопје, биле нападнати со остар предмет од В.Б. (24) од Скопје, се вели во полициското соопштение.

Причина за нападот, според пријавеното, биле нерасчистени љубовни проблеми меѓу напаѓачот и девојка која била заедно со нападнатите, велат од МВР, од каде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот