Скопјанец лажел дека е газда на фирма

Надворешната канцеларија за кривични работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 33-годишен скопјанец со иницијали А.Љ., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Во декември минатата година во просториите на фирма од Скопје пријавениот, лажно претставувајќи се како сопственик на правното лице, ги довел во заблуда З.Л., сопственик на правно лице од Свети Николе, и неговата сопруга, при што истите склучиле договор за купопродажба на производи во вредност од 365.819 денари. По ова, до денот на пријавување на настанот, истиот не извршил уплата за подигнатата роба, додека издадените фактури не биле евидентирани во сметководството на правното лице од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот