Скопјанец измамил дебранец со над 1.000 долари за медицинска интервенција

Фото: Профимедиа

Триесет годишен скопјанец заработи кривична пријава поради измама на дебранец кому му земал над 1.000 долари.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама”, Одделението за внатрешни работи во Дебар, поднесе кривична пријава против М.М.(30) од Скопје. Тој, на 29 јуни годинава, на жител од Дебар му се претставил како странски државјанин и му побарал пари со цел да плати медицинска интервенција за член на семејството на неговиот пријател, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека скопјанецот ставајќи го во заблуда, оштетениот му дал 1.000 американски долари и 100 евра.

Димоски исто така информираше дека во изминатите два дена на подрачјето на ОВР Дебар, од страна на полициските службеници издадени се 32 прекршочни платни налози, за неносење заштитна маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот