Скопјанец и кичевец пронајдени мртви во своите домови

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Виа Игнатија“ во Скопје бил пронајден починат И.А.(65) од Скопје, кој живеел сам.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција. 

Синоќа во 19.30 часот во Полициската станица Кичево, од Медицински центар Кичево било пријавено дека во дом на ул.„11 Септември“ бил пронајден починат С.В.(66) од Кичево.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот