Скопјанец фатен со пиштол за кој немал дозвола

Скопјанец фатен со пиштол за кој не поседувал дозвола.

Како што велат од МВР, по претходно добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Скопје , вчера околу 18 часот во населба Сингелиќ извршен е преглед врз лицето Б.А (29).

При прегледот пронајдено е огнено оружје, пиштол, кој го поседувал без дозвола, по што извршен е претрес и во домот каде што престојува лицето.

-Денеска од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје против лицето Б.А поднесена е кривична пријава во брза постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, се вели во дописот од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот