Скопјанец фатен со дрога на „Блаце”

За кражба на социјалните мрежи објави пратеникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, тврдејќи дека украденото масло е во вредност од 2 милиона евра.

Судот го прифатил предлогот и на осомниченото лице му определил притвор во траење од 30 дена

Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец е донесена од Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение дека тој сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
– Осомничениот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин “Блаце”, во патничкото моторно возило БМВ со скопски регистраски ознаки, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во полиетиленско ќесе со вкупна нето маса од 38,82 грама, пет таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диоксиметамфетамин и пластичен шприц со волумен од 10 ml хашиш масло, информираат од Основното јавно обвинителство.
Од ОЈО посочуваат дека при претрес во непријавеното престојувалиште на осомничениот, полицијата пронашла марихуана и дробилка со остатоци од наркотична дрога.
Бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и на осомниченото лице му определил притвор во траење од 30 дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот