Скопјанец дома чувал арсенал оружје

Фото: Илустрација

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое е обвинет за кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Обвинетиот, 65-годишен жител на село Марино, во својот дом неовластено држел полуавтоматски пиштол „црвена застава мод.70“ со калибар од 7,65 милиметри со два шаржери, десет куршуми со калибар 7,65мм, ловна пушка „црвена застава“ со калибар 12 милиметри, полуавтоматски пиштол „Црвена застава м57“ со калибар 7,62 Х 25 милиметри, 18 куршуми муниција за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и дијаболи“ извести ОЈО.

За него обвинителството од судот побара да му биде одреден куќен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот