Скопјанец (45) позитивен на коронавирус почина на пат кон болница

брза помош сообраќајка
Пациент од Скопје на возраст од 45 години, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарниот факултет починал попладнево на пат кон болницата „8- ми Септември“.
Оваа информација е објавена од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во дополнителниот извештај испратен попладнево.
Скопјанецот е шеста жртва од коронавирусот денеска, а претходно починаа четворица пациенти на Клиниката за инфективни болести (од нив еден од Куманово, од Лабуништа, од Челопек, од Штип) и уште еден пациент во Куманово.
Според исходот од заболувањето, кај 543 лица се активни случаи, 29 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистриран е 27 смртен случај, соопшти Институтот за јавно здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот