Скопјанец застрелан во викендичка во Кучково

Кучково / фото:Ehrlich91/Википедија

Жител на Скопје бил погоден од истрел од огнено оружје пред неговата викендичка во селото Кучково, соопшти полицијата.

На 22.10.2021 во 00.06 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив со повреди во ногата од огнено оружје бил донесен Б.И.(27) од Скопје. Според пријавеното, Б.И. отишол во својата викенд куќа во с.Кучково со Б.Л. и откако излегол од возилото бил погоден од огнено оружје од страна на непознато лице, пишува во полицискиот билтен.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот