Скопјанец утрово сакал со пластичен пиштол да ограби обложувалница во Волково, ама не успеал

Утрово околу девет часот, 32-годишен жител на Скопје се обидел да ограби обложувалница во Волково, користејќи пластичен пиштол. Тој не успеал во намерата, а подоцна е уапсен, велат од МВР.
„Полицајци од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје, денеска (09.06.2023) во Скопје го лишија од слобода П.Ј.(32) од Скопје поради основи на сомнение дека денеска околу 09.00 часот се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во с.Волково, скопско. Кај П.Ј. е пронајден пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело. П.Ј. се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје“, се вели во полициското соопштение.
Осомничениот е приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава.