Скопјанец украл храна за кучиња, нападнал ветеринар и оштетил автомобил

Фото: Ветеринарна болница/илустрација/Тима Мирошниченко/Pexels

Инцидент се случил вчера попладне во скопска ветеринарна болница, кога сопственикот бил нападнат од муштерија кој зел храна за миленици без да ја плати, соопшти полицијата.

„На 22.12.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје, М.С.(53) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот, додека бил на работното место во сопствената ветеринарна болница, бил физички нападнат од В.П., кој претходно зел храна за миленици без да ја плати. Според пријавеното, напаѓачот со тврд предмет оштетил и патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Д.“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот