Скопјанец украл автомобил и направил сообраќајка па го напуштил местото

Македонска полиција / Фото: МИА

Вчера во 14.30 часот на улица „Пролет“ во Скопје, полициски службеници од полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Б.Д.(46) од Скопје, поради сомнение дека на 11.10.2021 од бул.„Борис Трајковски“ одзел патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје, со кое подоцна во с.Ново село, скопско, удрил во возило „цитроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот