Скопјанец уценувал девојка, ѝ барал 3.000 евра за да не ѝ објави приватни фотографии

Фото: илустрација/George Milton/Pexels

Млад жител на Скопје уценувал девојка од која барал 3.000 евра за да не објави нејзини компромитирачки фотографии кои ги поседувал, соопшти полицијата.

„Денеска (23.12.2021) во трговски центар во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го приведоа А.Е.(24) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело уцена“, велат од МВР.

„А.Е. побарал 3000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не објави компромитирачки фотографии. Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и и се дадени крим-технички обработени пари, кои таа му ги дала на А.Е. на претходно договорена средба во трговски центар во Скопје. Веднаш откако ги зел парите, А.Е. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот