Скопјанец уапсен на „Богородица“, сакал да пренесе преку граница сопатник без документи
62-годишен скопјанец вчера бил уапсен на граничниот премин „Богородица“ откако се обидел да пренесе преку границата сопатник без документи, кој за тоа му платил, соопшти МВР.
„На 07.11.2024 околу 15.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Р.(62) од Скопје. На граничниот премин тој допатувал со патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки во кое сопатник бил А.В.(31), кој на увид приложил германска возачка дозвола и немал друг документ за идентификација. По преземени мерки и извршени проверки било утврдено дека А.В. илегално престојувал во државата и на Г.Р. му дал пари да го превезе до Република Грција. За настанот бил запознаен надлежен јавен обвинител, додека А.В. бил пренесен во прифатен центар за странци во Скопје“, пишува во полициското соопштение.
По документирањето на случајот, ќе следува соодветна пријава.