Скопјанец си присвоил државна земја во дебарско и на неа изградил куќа

Фото: mia.mk

61-годишен жител на Скопје доби кривична пријава поради тоа што си присвоил државно земјиште во општината Центар Жупа и на неа изградил куќа, соопшти МВР.

„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.С.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и „бесправно градење”. Тој, во текот на 2021 година во атарот на општина Центар Жупа, бесправно зазел површина од 314 метри квадратни државно земјиште и нелегално изградил куќа. Со тоа, се стекнал со противправна имотна корист од 621.720 илјади денари“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот