Скопјанец пронајден мртов во стан во Аеродром

Фото: МИА

Жител на Скопје вчеравечер е пронајден мртов во стан во скопската населба Аеродром, соопшти МВР.

„На 03.10.2022 во 23.08 часот во Полициска станица Аеродром е пријавено дека во стан на подрачјето на Аеродром бил пронајден починат Д.Р.(62) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, се вели во соопштението.

По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот