Скопјанец пронајден мртов во изнајмен стан во Бујановац

Српска полиција/ Фото: МИА

Tело на македонски државјанин е пронајдено во изнајмен стан во Бујановац, Србија, потврдуваат од Вишото јавно обвинителство од Врање.

Според медиумите на албански јазик, станува збор за 30-годишен скопјанец.

-Полицијата во Бујановац го известила Вишото јавно обвинителство Врање дека во Бујановац е пронајдено безживотно тело. По извршениот увид од страна на увидна екипа на Полициска станица Бујановац, во присуство на судски вештак, констатирано е дека се работи за А.Р.(30) од Скопје”.

Од страна на соодветна екипа, извршен е увид, при што е констатирано дека нема траги кои покажуваат дека смртта е предизвикана од насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот