Скопјанец пријавил дека пријател се обидел да го ограби во подземна гаража

Катна гаража „Разловечко востание“ / илустрација / фото: Слободен печат

Жител на Скопје вчера пријавил дека негов пријател се обидел да му украде чанта со пари и други предмети, но не успеал, соопшти МВР.

Обидот за кражба се случил во подземни гаражи во населбата Бутел.

„На 16.11.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, И.С.(37) од Скопје пријавил дека околу 19.40 часот во подземните гаражи на ул.„Лазо Трповски” неговиот пријател С.Н. се обидел да му одземе чанта со пари, мобилен телефон и лап топ компјутер, но не успеал“, се вели во полицискиот билтен.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот