Скопјанец починал откако паднал по скали во недограден објект на негов роднина

64-годишен жител на Скопје вчера трагично го загубил животот во објект во изградба во населбата Аеродром, соопшти МВР.

„На 12.01.2023 во 13.18 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Илија Димовски Гоче” во Скопје починал Д.Н.(64) од Скопје. Според пријавеното, Д.Н. бил во посета кај сопственикот на објектот, со кого биле во роднински врски и додека се симнувал по скали паднал и од здобиените повреди починал на местото“, пишува во полицискиот билтен.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот