Скопјанец осомничен за одгледување канабис

Марихуана/ Фото архива

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 47-годишно лице за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во својот дом на улицата „Рилски конгрес“ во Скопје осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана. На 21 септември, при претрес во неговиот дом биле пронајдени две стебла од растението канабис со висина од по 130 сантиметри, со развиен корен, стебло, листови и цвет, 11 соголени гранки и 4 гранчиња канабис, повеќе кутии со траги од наркотична дрога и рачно изработена цигара со марихуана.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот