Скопјанец објави навредливи коментари за огромната трагедија, повикан е во полиција

Извршен информативен разговор со скопјанец поради објавен коментар со говор на омраза/ Фото: Фејсбук

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради коментар на Фејсбук со говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45 луѓе. 

„Имено, по добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 државјани на Македонија, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности и го утврди лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје беше утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје“, соопшти МВР.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот е испратено известување до Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Видео на денот