Скопјанец нападнат откако учествувал во сообраќајка на Бит-Пазар

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

46-годишен жител на Скопје вчера бил физички нападнат од друг возач, кој заедно со него учествувал во сообраќајна несреќа, соопшти полицијата.

„На 23.01.2022 во 15.30 часот Н.Н.(46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од А.М.(27) од Скопје“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека е сочинет записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот