Скопјанец намерно удрил со кола 40 години помладо момче, во расправија за паркинг-место

Паркинг/Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

59-годишен жител на Скопје е уапсен откако, во расправија околу место за паркинг во Карпош, намерно удрил со автомобил 19-годишно момче, соопшти полицијата.

„Вчера во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје. Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг место, со своето патничко возило „Tојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда“, велат од МВР.

Увид на местото извршиле полицајци од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот