Скопјанец им се заканувал со пиштол на полицајци

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / Фото: "Слободен печат" - Драган Митрески

Вчераутро бил уапсен жител на Скопје кој бил агресивен кон полицајци и им се заканувал со пиштол, соопшти МВР.

„На 27.06.2022 во 06.35 часот на улица „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(54) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и им се заканувал со пиштол“, велат од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот