Скопјанец го однел моторот на сервис и наместо да му го поправат, му го запалиле

Фото: илустрација

Скопјанец го однел својот мотор „Кавасаки“ на поправка и го оставил неколку дена, но наместо да му го поправат, му го запалиле, соопшти МВР.

„На 18.05.2022 во 10:00 часот во СВР Скопје, К.Ќ.(60) од Скопје пријавил дека настанал пожар во неговиот мотоцикл „кавасаки” со скопски регистарски ознаки, во продавница за мотоцикли на улица „Франклин Рузвелт”, каде што пред неколку дена го однел на поправка“, се вели во полициското соопштение.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Видео на денот