Сколс удри по играчите на Манчестер јунајтед

Португалецот сака во иднина да го облече дресот на Реал Мадрид или Барселона/ фото: EPA-EFE/Filip Singer

Манчестер јунајтед неславно го заврши своето учество во Лигата на шамионите оваа сезона, со пораз од Лајпциг.

Црвените ѓаволи“ дури губеа со 3:0, еден гол на германскиот тим беше поништен поради офсајд, за на крајот со двата гола на Бруно Фернандеш и Пол Погба да го ублажат поразот.

Легендарниот играч на Јунајтед, Пол Сколс, не ги штедеше во критиките актуелните играчи на „црвените ѓаволи“, а прв на удар беше голманот Давид де Хеа.

Пол Сколс/EPA-EFE/PETER POWELL

– Де Хеа направи голема грешка при третиот гол на Лајпциг, тој има страв да не се повреди повторно. Тој центаршут не смееше така лесно да помине низ шеснаесетникот, како голман морате да истрчате и да реагирате. Можете да добиете топка во лице, може и да се повредите, но тој само го сврте грбот. Де Хеа реагираше криминално за искусен голман каков што е тој – распали Сколс по голманот на Јунајтед.

Сколс не го штедеше ниту најскапиот дефанзивец на светот, Хари Мегваер.
Интервјуто на Мегваер беше загрижувачко, како може да каже дека не биле подготвени за првите 20 минути од натпреварот. Како не можете да бидете подготвени за вака важен и тежок натпревар во Германија. Воопшто не требаше да се доведат во позиција да се борат за пласман во осминафиналето, а кога веќе се најдоа во таква ситуација, тогаш не се ниту подготвени за првите 20 минути – изјави Сколс.

Манчестер јунајтед сепак ќе остане во Европа, но настапите ќе ги продолжи во Лигата на Европа, што не ги задоволува амбициите на англискиот тим.

Солскјер со неславен рекорд во Лигата на шампионите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот