Сколс: Погба, можеш слободно да си одиш!

sportsjoe.ie/

Ова лето Пол Погба се поврзуваше со трансфер во редовите на Реал Мадрид, Зидан го даде максимумот со цел да го ангажира сонародникот на „Сантјаго Бернабеу“.

Но, челниците на Јунајтед бараа премногу за играчот кој во изминатиот период се промовираше во еден од симболите на клубот од „Олд Трафорд“.

Навивачите на Јунајтед го гледаат неговото останување како голема победа, но легендата на премиерлигашкиот гигант, Пол Сколс, не се согласува со таквото размислување.

– На сите им е јасно дека Реал Мадрид го посакуваше Погба, но не знам од која причина трансферот не се реализираше. Можеби го замолија челниците на Јунајтед помине уште една година, но не го гледам неговото заминување како губиток на клубот. Неговата форма не е на високо ниво, за овие две-три години колку што е во екипата сигурен дека и помалку познати играчи би можеле да одиграат како тој – рече Сколс за англиските медиуми.

Францускиот интернационалец не играше на мечот против Лестер, пред тоа поради повреда ги пропушти репрезентативните обврски. Уште не е познато дали ќе биде подготвен за шестото коло во Премиер лигата и дуелот со Вест Хем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот